РОБОТИ ИМ ДОСТАВУВААТ ВР-ПОРНО НА ОСАМЕНИТЕ Во Лас Вегас, метаверзумот има друго значење!

Хотелските соби повеќе не мора да ги чуваат нашите ВР-очила, услугата стана целосно доброволна, а сепак можете да ги испорачате вашите омилени ВР-секс сцени и ако немате свои очила. Создадовме дури и некои специјални сцени за да се осигураме дека нудат уште поголеми нивоа на потопување и реализам!, вели Абрамович за новата услуга, каде пет роботи им ја доставуваат опремата на луѓето до нивната адреса во градот на гревот, Лас Вегас.

158

Роботи кои работат на вештачка интелигенција им доставуваат очила за Виртуелна Реалност на осамените луѓе во градот на гревот, Лас Вегас, пишува Футуризам. Ова тотално ќе ја промени порно-индустријата, смета извршниот директор на компанијата ВР-Бенгерс, Даниел Абрамович. Ќе исчезнат оние места каде можете да купите или гледате порно-филмови, сега луѓето сакаат виртуелно искуство. Но, ќе исчезне и купувањето ВР-очила. Сега, робот дискретно ќе ви ги достави до вашата адреса.

– Идејата да се користат роботите промени сè – вели Абрамович.






– Хотелските соби повеќе не мора да ги чуваат нашите ВР-очила, услугата стана целосно доброволна, а сепак можете да ги испорачате вашите омилени ВР-секс сцени и ако немате свои очила. Создадовме дури и некои специјални сцени за да се осигураме дека нудат уште поголеми нивоа на потопување и реализам!

Абрамович објасни дека роботите на тркала испорачуваат слушалки „Quest 2“ претходно наполнети со филмовите на ВР-Бенгерс, толку дискретно што вашите соседи нема да забележат ништо. Само пуштете го горниот дел од роботот, велат од компанијата и ќе најдете сѐ што ви треба.

Компанијата вели дека редовно ги мие очилата и наплаќа околу 50 долари за цел ден. Сега има пет роботи кои се подготвени да ги сервисираат клиентите, но Абрамович се надева дека бројката ќе расте.

Очигледно постои пазар за виртуелно порно. Прашајте го Киану Ривс, кој неодамна рече дека не би имал ништо против обожавателите да имаат секс со неговиот аватар во метаверзумот.

Поврзани содржини