ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗОШТО ИМАМЕ ОСТЕОПОРОЗА И АРТРИТИС? Не јадеме јастози!!!
Јастозите се одличен извор на омега-3 за масни киселини, витамин Б12, цинк, селен и фосфор. Некои од другите здравствени придобивки од јастогот се и превенција од остеопороза, ревматоиден артритис, кардиоваскуларни болести и рак на дебелото црево.
Дали сте голем љубител на морска храна? Ако е така, тогаш дефинитивно ви се допаѓаат јастозите, ама веројатно не ги јадете баш често. Нема да се чудиме сега зошто. Не сме баш пораснати на јастози, ниту пак на место каде што можат да се најдат вакви свежи убави јастози. Пиперки има, ама јастози баш и не. И после зошто сме имале остеопороза и артритис! Така е кога не јадеме јастози. Имено, освен што се вкусни, јастозите се и лековити, полни со витамини и минерали. Познавачите велат, може да биде нездрав само начинот на кој ќе ги подготвите.
Ако се одлучите за здрави начини на консумирање јастог, тогаш тој ќе биде здрав и хранлив.
Па така, ако баш имате можност, не е лошо да знаете дека јастозите се одличен извор на омега-3 масни киселини, витамин Б12, цинк, селен и фосфор. Некои од другите здравствени придобивки од јастогот вклучуваат превенција од болести како остеопороза, ревматоиден артритис, кардиоваскуларни болести и рак на дебелото црево.
Неколку здрави начини како можете да ги консумирате побарајте на порталот „Арт кујна“.