ИДНИТЕ БУГАРСКИ ВЛАДИ ЌЕ ИМААТ НЕПЛОДНИ СПОРОВИ СО МАКЕДОНСКАТА СТРАНА Францускиот предлог можеше да биде многу поуспешен
Што се однесува до гаранциите за културно-историското наследство, вчера пратениците гласаа бланко-чек, без неопходните механизми и рокови за заштита. Следните бугарски влади ќе бидат во сегашната ситуација – да имаат неплодни спорови со македонската страна, рече бугарскиот претседател.
Францускиот предлог содржи многу главни бугарски барања, но генерално можеше да биде многу поуспешен, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку нашите политичари посветеа многу повеќе внимание на целиот овој процес и доколку дипломатите од Министерството за надворешни работи не се потпираа единствено на претседателската институција и не губеа многу време и енергија обидувајќи се да ги доведат различните политики на премиерот во некоја прифатлива рамка.
Ова го истакна претседателот на Бугарија, Румен Радев во својата прва изјава за двата главни политички настани во неделата – соборувањето на бугарската Влада со гласање недоверба и одлуката на бугарскиот Парламент да го укине ветото за почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
– Што се однесува до гаранциите за културно-историското наследство, вчера пратениците гласаа бланко-чек, без неопходните механизми и рокови за заштита. Следните бугарски влади ќе бидат во сегашната ситуација – да имаат неплодни спорови со македонската страна – рече Радев.