ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНИ Граѓаните да излезат на мирни протести
Ги повикуваме земјите членки на Европската Унија, посебно Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето но ставање на дневен ред на Преговарачка рамка во која се вградуваат националистички барања на Бугарија сврзани со идентитет, јазикот, историски и образовни прашања, вели лидерот на ДС.
Павле Трајанов, претседателот на Демократскиот сојуз во врска со францускиот предлог за разрешување на спорот наметнат од Бугарија и деблокада на евроинтеграциските процеси, смета дека Владата на Македонија треба да ја повлече согласноста за прифаќање предлогот, во кој на суптилен начин се вградуваат националистичките барања на Бугарија.
– Ги повикуваме земјите членки на Европската Унија, посебно Хрватска, Словенија, Австрија, Чешка и Словачка, да стават вето но ставање на дневен ред на Преговарачка рамка во која се вградуваат националистички барања на Бугарија сврзани со идентитет, јазикот, историски и образовни прашања. ЕУ треба да се држи до основните европски вредности и принципи и Копенхашките критериуми. Со оглед на фактот што претставници на Владата на Македонија директно беа вклучени во преговорите со Бугарија, бараме нивно повлекување (оставка) од функциите, посебно министрите за надворешни работи и евроинтеграции – вели Трајанов.
Демократскиот сојуз е против Францускиот предлог и ги повикува граѓаните своите ставови да ги искажат преку социјалните мрежи или со мирни протести, за како што вели Трајанов, да види Европската Унија дека овде има силен граѓански-народен отпор против загрозување на Македонскиот национален идентитет.
– Демократскиот сојуз ќе ја повлече поддршката на Владата доколку се согласи Преговарачката рамка да биде усвоена од Советот на Европската Унија – додаде Трајанов.