МЦМС НЕ НАПРАВИ АНКЕТА ЗА РЕЈТИНЗИТЕ НА ПАРТИИТЕ Има табела за процентот на симпатизери

МЦМС нарача и објави анкета за „100 дена Влада“. Таа не е за рејтинзите на политичките партии. Во извештајот од анкетата нема објавени рејтинзи, тврди Кржаловски.

1,487

МЦМС не направи анкета за рејтинзите на политичките партии, вели директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, за 360 степени.

– МЦМС нарача и објави анкета за 100 дена Влада. Таа не е за рејтинзите на политичките партии. Во извештајот од анкетата нема објавени рејтинзи. Во прилогот на извештајот со демографските податоци има табела за процентот на симпатизери на партиите за толкување на резултатите од поставените прашања и по таа основа (каде што има значителни разлики), исто како и за другите демографски елементи (пол, регион, образование) – изјави Кржаловски за 360 степени.

Поврзани содржини