БИТИЌИ БАРА ДА МУ СЕ ИЗВИНАТ Лажна е информацијата за неговата сопруга

Битиќи наведе и дека во понеделник ќе поднесе барање за јавно извинување и демантирање, а доколку тоа не се случи, тогаш тој ќе продолжи правдата да ја бара по институционален пат.

324

Вицепремиерот Фатмир Битиќи се огласи во јавноста, по прозивката од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека неговата сопруга добила пари од Владата, за изготвување на проект.

– По вчерашното изнесување на лаги од Момировски немав намера да реагирам јавно, но веќе денеска гледам дека некои медиуми оркестрирано го споделуваат истиот наслов, притоа никој од нив не побара став и од мене како засегната страна, што ми укажува дека не се заинтересирани за вистината ниту работат по принципите на новинарството. Кажувам јасно. Индикациите, како што и оној кој ги изнесе, сам ги нарекува, се лага, полни со неточни информации, очигледно водени од друга побуда. Особено поради тоа што лагите ги изнесе во време кога знае дека сум надвор од државата, што ми укажува дека сакал само неговиот мегафон да се слушне од центарот за лаги – изјави Битиќи.






Битиќи наведе и дека во понеделник ќе поднесе барање за јавно извинување и демантирање, а доколку тоа не се случи, тогаш тој ќе продолжи правдата да ја бара по институционален пат.

Доколку господинот има докази за проневера на меѓународна, повторувам меѓународна организација нека ги изнесе.

– А медиумите кои ја објавија едната страна, барам да ја објават вистината денеска, во целост како што ја кажувам. Во спротивно ќе морам да покренам соодветни постапки и за нив – додаде Битиќи.

Поврзани содржини