СО БОЗЕЛ ПРОТИВ АСТМА, БРОНХИТИС И ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАЈТЕШКИ БОЛЕСТИ Хипократ велел дека бозелот може да ги замени сите лекови

Сите негови делови го чуваат здравјето, ја лекуваат почетната фаза на пневмонија, воспаление и инфекции на грлото. Го зајакнува имунитетот, има антивирусно и антимикробно дејство.

342

Мирисот е специфичен, а неговите лековити својства се повеќекратни. Тој е во служба на човештвото илјадници години, а Хипократ велел дека може да ги замени сите лекови.

Бозелот (sambucus nigra, zova, црн бозел) се смета за едно од најлековитите и најстарите растенија во Европа, а на нашите простори е едно од најзастапените.






Во семејството на бозелот има околу триесет видови. Најважни се црниот и црвениот бозел.

Кај нас најчесто се користи црн бозел – Sambucus nigra.

Старите Европејци и Индијанците го користеле бозелот за лечење на воспаленија, за варењето, жолтица, гинеколошки заболувања и грип.

Имено, сите негови делови, почнувајќи од коренот до цветот и плодот, го чуваат здравјето, а лекуваат бронхитис, астма, кашлица, почетна фаза на пневмонија и воспаленија и инфекции на грлото. Помага и при задушување во градите, го зајакнува имунитетот.

Покрај тоа, бозелот има антивирусно и антимикробно дејство.

Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини