РУСИТЕ КОРИСТАТ НОВО ЛАСЕРСКО ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА Москва со тактика да ги „спржи“ дроновите
Новото ласерско оружје, според Јуриј Борисов, заменик-премиер задолжен за развој на армијата може да заслепи објекти, сателити или дронови на 1.500 километри над земјата. Тој потврди дека вчера Русите тестирале оружје кое за пет секунди изгорело дрон на далечина од пет километри. Прототиповите веќе се користат во Украина, а во иднина би можеле целосно да го заменат конвенционалното оружје.
Ново ласерско моќно оружје кое се испукува од оклопни возила беше презентирано на руската државна телевизија, а се вика „Задар“, пренесува Б92. Всушност, Русите развиваат вакви системи уште од 2018 година, кога претседателот Владимир Путин ги спомна под името „Александар Пересевет“, инаку средновековен православен монах кој славно загинал во битка.
Тоа беше истата година кога беше обзнаено дека Русија ги развива и хиперсоничното оружје, интерконтиненталната ракета „Сатан“, нуклеарните подводни дронови и друго. Но, сега „Пересвет“ добива надградба.
Новото ласерско оружје, според Јуриј Борисов, заменик-премиер задолжен за развој на армијата може да заслепи објекти, сателити или дронови на 1.500 километри над земјата. Тој потврди дека вчера Русите тестирале оружје кое за пет секунди изгорело дрон на далечина од пет километри.
– Ако светот може да ослепи, тогаш новата генерација на ласерско оружје доведува до физичко уништување на целта, термичко уништување, дроновите паѓаат – изјави Борисов за руската државна телевизија.
На прашањето дали такво оружје се користи во Украина, Борисов рече:
– Да. Таму (во Украина) веќе се користат првите прототипови.
Борисов обзнани и дека штотуку се вратил од Саров, затворен „град“ во областа Нижни Новгород, некогаш познат како Арзамас-16, кој важи за тајна база за истражување на руското нуклеарно оружје. Според него, новата генерација на ласерско оружје на крајот ќе го замени сегашното оружје во светот.
– Ова не е егзотична идеја, ова е реалноста – рече Борисов.