ГО СПАСИЛЕ ОД ПРЕКУМЕРНО ПОТЕЊЕ Тетовец му се врати на секојдневието со една грижа помалку
Специјалисти торакални хирурзи од тетовската клиничка болница ја извршија првата интервенција на хиперхидроза што значи прекумерно потење.
Торакалните хирурзи во тетовската клиничка болница минатата недела за прв пат направиле интервенција кај пациент за спречување прекумерно потење со примена на нова метода.
Тоа претставува различна хируршка процедура од досегашната практика за запирање на прекумерното потење.
– Специјалисти торакални хирурзи од тетовската клиничка болница ја извршија првата интервенција на хиперхидроза што значи прекумерно потење. Операцијата е изведена со методот на инцизија со помош на минимално инвазивна симпатектомија. Пациентот со хиперхидроза по интервенцијата немал симптоми на потење и се вратил во нормалниот живот – информираат од Клиничката болница во Тетово.
За интервенцијата лекарите добиле стручни совети и едукација од лекари од Шпанија.