ЗА ИНФЛАЦИЈАТА НЕ СЕ ВИНОВНИ САМО ЦЕНИТЕ НА ЕНЕРГЕНСИТЕ И НА ХРАНАТА Двоцифрениот пораст на минималната плата ја забрзува
Професорот Трајко Славески, поранешен министер за финансии и член на раководството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тврди дека инфлацијата се забрзува, а владата не знае да се справи со проблемот.
Инфлацијата не е феномен предизвикан само од еден фактор, како сега што се тврди, дека таа е увезена и дека не зависи ништо од тоа што тие го прават. Ако нас не ни веруваат, нека ги погледнат документите од Меѓународен монетарен фонд пред неколку години и сега, како и на Светска Банка. Пред недела дена излезе извештајот за економската состојба за земјите од Западен Балкан и таму има едно посебно поглавје за Република Македонија. Уште во првата реченица стои дека инфлацијата во државата се забрзува, од една страна поради порастот на цените на храната и на енергијата, но и поради притисокот на двоцифрениот пораст на минималната плата.
Ова го тврди проф. д-р Трајко Славески, поранешен министер за финансии и член на раководството на опозициската СДСМ, за телевизија Алфа. Актуелната власт не знае, но и не може да се справи со економската криза, со високите цени на храната и на енергенсите кои постојано растат, а стандардот на граѓаните опаѓа, реагираат од опозициската партија.