Е СЕГА Е ВРЕМЕ ЗА ЈАГОДИ! Добри се за крвта, за срцето, против холестерол, …
Витаминот Ц, како и антоцијаните и влакната што ги содржат јагодите, помагаат во подобрување на крвта со намалување на штетниот ЛДЛ-холестерол и триглицеридите.
Со потоплото време, доаѓа и поразновиден избор на свежо овошје кое може да биде многу корисно за човековото здравје. За разлика од оние што имавме можност да ги купуваме досега, а ниту имаа мирис, ниту вкус на јагоди, сега веќе можат да се најдат и вистински јагоди. Вкусни и миризливи и малку скапички, ама богати со витамин А, Ц, калиум, калциум, магнезиум и фолна киселина. Следи дел од причините зошто јагодите треба да бидат на секојдневното мени…
Го зајакнуваат имунолошкиот систем
Витаминот Ц е еден од најважните витамини коишто го зајакнуваат имунитетот, а јагодите се богати со него. Стручњакот за исхрана од турската болница „Аџибадем“, Нур Осман смета дека ова е многу важно.
„Секогаш кога е можно, јадете свежи јагоди, неприготвени, ниту во облик на џем, бидејќи така го губат витаминот Ц“, вели таа.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.