КУПУВАТЕ БАДЕМОВО МЛЕКО И МИСЛИТЕ ДЕКА СЕ ХРАНИТЕ ЗДРАВО? Колку бадеми содржи купечкото млеко од бадеми?

Ако еден килограм бадеми чини околу 600-700 денари, бадемите во купечкото млеко од 250 денари чинат само 15 денари, па се поставува прашањето што точно плаќаме и колку е всушност навистина здрав овој пијалок кој содржи толку мало количество од основната состојка (бадемите)?

430

Бадемовото млеко се рекламира како здрава замена за кравјо млеко, но купувањето бадемово млеко во повеќето случаи е сè, само не здраво.
Домашното млеко од бадеми содржи бадеми и вода и има здрави омега 3 масни киселини, протеини и незаситени масни киселини, но и витамини и минерали како што се: витамини Е и Б6, манган, селен, магнезиум, калциум, железо, калиум, цинк, влакна, фосфор и флавоноиди.
Купеното бадемово млеко содржи вода, шеќер, бадеми (но само 2,3 проценти бадеми), три калциум фосфат, каруба гума, гелан гума, сончогледов лецитин и витамини – рибофлавин, цијанокобаламин, д-алфа-токоферол, ергокалциферол.
Ова значи дека за правење еден литар од ова млеко, кое чини повеќе од 200 денари, биле користени малку повеќе од 20 грама бадеми, односно помалку отколку што има во еден грст.

Повеќе за ова и рецепт за правење домашно млеко од бадеми, побарајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини