ПОСЛЕ СÈ ШТО НАПРАВИВ ЗА ТЕБЕ…Ова се едни од најчестите карактеристики на токсичните мајки
Многу деца пораснуваат верувајќи дека секое однесување и однос кои ги гледаат во семејството, дури и оние токсичните, деструктивни или насилни, се нормални.
Според списанието Psychology Today, навикнатоста на таквото однесување може да не спречи да го препознаеме токсичното мајчинство.
Ако имате искуство со такво однесување, честопати може да се обидете да го рационализирате со изговори како: „Таа навистина не го мисли тоа“ или „Таа е таква каква што е“. Можеби ќе бидете поттикнати да го сторите тоа од другите членови на семејството. Сепак, сето тоа се навредливи и токсични однесувања.
Обично кога ќе се каже мајка, сите си замислуваме пожртвувана жена со безусловна љубов кон своите деца која прави сѐ за да ги изведе на вистинскиот пат, откажувајќи се патем од сѐ и сешто.
Сакаме да мислиме за мајките како за жените кои го чуваат овој свет од исчезнување, како за прекрасни и пожртвувани жени, но дали е тоа секогаш случај?
Како деца, ние „разбираме“ што се случува во нашето семејство, што е кажано и поради што, но не секогаш затоа што е тоа навистина така, туку затоа што мајките ни сервирале објаснување кое сметале дека е соодветно за нас.
Затоа не е чудо што многу деца пораснуваат верувајќи дека секое однесување и однос кои ги гледаат во семејството, дури и оние токсичните, деструктивни или насилни, се нормални.
Како деца веруваме дека сите семејства се како нашето, а дури многу подоцна сфаќаме дека тоа не е така.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.