ДИМИТРИЕВСКИ МУ ОДГОВОРИ НА ПАНЧЕ ЗАЕВ Јас сум од сортата што застана во прв ред зад паролата „Нема правда, нема мир“

Јас верував во таа борба за живот за сите, и доколку се вратам назад низ времето со тоа убедување повторно би постапил исто драг чичко Панче, но никогаш повеќе за онаа што потоа се случуваше со методите на Груевски на квадрат во маскирана форма. Како и да е времето ќе покаже кој погрешил, напиша Димитриевски.

5,314

По повод петгодишнината од крвавиот упад во Собранието кој се случи на 27 април 2017 година со насилство врз пратениците, градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денес се огласи со објава на социјалната мрежа Фејсбук во која истакна дека правдата не смее да биде селективна, или казна за сите или пак амнестија за сите, но за жал како и секогаш заглавиле само подредените и подведените додека сценаристот, режисерите и политичарите повторно се извлекле и спогодиле. Димитриевски вели и дека историјата и идните генерации ќе судат кој правилно постапил.

По оваа негова објава, Панче Заев – таткото на поранешниот претседател на Владата и поранешен претседател на СДСМ му остави коментар на Димитриевски на Фејсбук, по што се разви дискусија за правдата од овој крвав четврток.






– Максим нели ти е срам беше таму имавте среќа што извлековте живи глави и сега да имало за сите амнестија, што сорта ќе беше ти се однесуваш како да не си оттука, срамно Максо мојот трет син и побратим на Зоки – напиша Панче Заев.

Димитриевски, веднаш му врати коментар дека е од сортата Кумановска, истата таа сорта што пред Владата со денови спиеше заедно со многумина како нив, истата таа сорта што застана во прв ред да го брани тоа во што верувале сите, во слоганот „Нема правда, нема мир“, во подобра држава во која поединци нема да бидат над законот.

– Ви благодарам јас татко имам во Куманово, Димче се вика, амнестијата беше токму направена со политички договор во неколку наврати, мојот како што вие велите побратим по крв многу добро знае за тоа. Зошто Груевски побегна во Унгарија, кој му дозволи, зошто никој не одговараше никогаш за тоа, како тоа вратарите наши тогаш колеги пратеници денес не одговараат, зошто тој што со столови ни ги кршеше главите до ден денес не е осуден и на крај зошто до ден денес не ме повикаа никогаш повеќе да дадам изјава на суд откако во неформален разговор и реков на судијката дека тие што ги носат на суд за фрлање на сталци и статици кон нас треба да мандатно да се казнат и да се испратат дома со семејствата, а вистинските виновници коишто беа сценаристи и режисери, логистика, луѓе кои отвораа врати и ја наведуваа толпата по ходниците на Собранието да одговараат. Јас верував во таа борба за живот за сите, и доколку се вратам назад низ времето со тоа убедување повторно би постапил исто драг чичко Панче, но никогаш повеќе за онаа што потоа се случуваше со методите на Груевски на квадрат во маскирана форма. Како и да е времето ќе покаже кој погрешил – напиша Димитриевски.

На оваа објава, Димитриевски доби голема поддршка од граѓаните кои му напишаа дека во клучни и суштински моменти имал свое јас, национална чест и гордост. Исто така, граѓаните истакнаа дека правилно и човечки постапувал.

Поврзани содржини