БАЈДЕН НЕМА ДА ПАТУВА ВО КИЕВ Американскиот претседател со сојузниците ќе разговара за Украина

еленски го повика Бајден да ја посети Украина, со цел самиот да добие идеја за тоа каква е ситуацијата таму, речиси два месеца, по почетокот на конфликтот.

118

Американскиот претседател Џо Бајден моментално не планира да ја посети Украина и покрај апелот од украинскиот колега Володимир Зеленски. Но, Бајден планира да одржи состанок со сојузниците, во врска со украинската криза, соопшти Белата куќа во текот на вчерашниот ден.

– Нема такви планови – одговори портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.






Владата на САД се концентрира на испраќање воена опрема во Украина.

Доколку американски член на Владата отпатува за Украина, тоа ќе биде објавено откако ќе се врати, поради безбедносни причини.

Зеленски го повика Бајден да ја посети Украина, со цел самиот да добие идеја за тоа каква е ситуацијата таму, речиси два месеца, по почетокот на конфликтот.

– Мислам дека тој е водач на САД и затоа би требало да дојде тука и да види – изјави Зеленски во неделата во интверју за Си-Ен-Ен.

Сепак, претседателот на САД планира денеска да одржи разговор со сојузниците околу украинската криза.

Во соопштението на Белата куќа се наведува дека Бајден, преку видео повик, со сојузници и партнери ќе разговара за континуирана поддршка за Украина, како и за напорите Русија да се прогласи за одговорна.

Медиуми пишуваат дека на средбата ќе дебатираат лидери на Франција, Германија, Велика Британија, Канада, Италија, Полска, Романија, како и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, но и претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Американскиот претседател Џо Бајден моментално не планира да ја посети Украина и покрај апелот од украинскиот колега Володимир Зеленски. Но, Бајден планира да одржи состанок со сојузниците, во врска со украинската криза, соопшти Белата куќа во текот на вчерашниот ден.

Поврзани содржини