ИНТЕРНАТСКИТЕ ШТИТЕНИЦИ НА ЗАВОДОТ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ЖИВЕАТ ВО МИЗЕРИЈА „Ако се сомневаат, нека ги вратат камерите“, обвинува Грета Парлиќ

Наставничката по музичко која обвини дека интернатските штитеници на заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле живеат во мизерија, останува на своите тврдења и по демантот на директорот. „Како мислат дека ќе скријат нешто што се случува цели две години“, прашува Грета Парлиќ

497

„Како мислат дека ќе се скрие нешто што се правело две години“, прашува наставничката по музика Грета Парлиќ, која деновиве ја обвини управата на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле дека интернатските корисници цели две години живеат во мизерија, во една просторија, додека останатите простории се забранети за нив. Директорот Фатмир Ејупи ги демантираше сите нејзини наводи.

Инаку, Парлиќ е професорка по музика која веќе 20 години работи во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Топанско поле и во писмо кое го објави на својот Фејсбук профил обвини: „Повеќе од две години, интернатските корисници седат и лежат (бидејќи има доста корисници кои се во таква состојба и имаат потреба да легнат), на подот во трпезарија, каде нема апсолутно никакви основни услови за живот и престој, само масички и детски столчиња и голи ѕидови. На сите интернатски корисници им е забранет влез во сите простории во интернатот. Сите занимални, до една,сите простории на интернатот се узурпирани од група на неколку привилегирани вработени“.






Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини