ПРЕКИН НА ОГНОТ НЕ Е ДОВОЛЕН Британија бара повеќе за да ги укине санкциите кон Москва

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас во неделата изјави дека санкциите наметнати на руски поединци и компании може да бидат укинати доколку Русија целосно се повлече од Украина и се обврзе да стави крај на агресијата.

547

Договорот за прекин на огнот меѓу Русија и Украина не би бил доволен за укинување на британските санкции, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон на состанокот со неговите министри.

– Премиерот рече дека само прекин на огнот нема да биде причина за укинување на британските санкции кон Русија – изјави портпаролот на Џонсон и додаде:






– Тој рече дека притисокот врз (рускиот претседател Владимир) Путин мора да се зголеми со дополнителни економски мерки и обезбедување воена помош за да се осигура дека Русија целосно ќе го смени курсот.

Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас во неделата изјави дека санкциите наметнати на руски поединци и компании може да бидат укинати доколку Русија се повлече од Украина и се обврзе да стави крај на агресијата.

Трас во интервју за британскиот весник „Телеграф“ посочи дека мерките може да престанат доколку Москва го промени курсот.

– Она што го знаеме е дека Русија потпиша неколку договори кои едноставно не ги почитува. Значи мора да има висока цена. Се разбира, санкциите се високата цена – рече таа.

Поврзани содржини