СНЕЖНО НЕВРЕМЕ ВО САД Најмалку 25 возила учествуваа во карамбол во Пенсилванија (ВИДЕО)
Џон Бликли, заменик-координатор за управување со итни случаи за округот Шуилкил, рече дека бројот на повредени е непознат и дека тие се пренесени во болници. Тежината на повредите не е позната.
Најмалку 25 возила учествувале во сообраќајна несреќа на главен автопат во источна Пенсилванија за време на снежна бура, јавува Си-Ен-Ен.
Џон Бликли, заменик-координатор за управување со итни случаи за округот Шуилкил, рече дека бројот на повредени е непознат и дека тие се пренесени во болници. Тежината на повредите не е позната.
Нема информации за загинати. Несреќата се случила нешто по 10:30 часот по локално време (16:30 часот по средноевропско), изјави Бликли. Силен арктички фронт го погодил североисточниот дел на Соединетите држави, носејќи снежни бури кои предизвикуваат проблеми во сообраќајот, објави Си-Ен-Ен.
What happened today in Pennsylvania can only be described as “Carpocalypse” #Carpocalypse #PA pic.twitter.com/PeWtOJUq4z
— Rob Gill 🇨🇦❤️🇺🇦 (@vote4robgill) March 28, 2022