ЌЕ ПАДНЕ ЛИ ДОГОВОР? Рано наутро почнуваат преговорите помеѓу Русија и Украина во Турција

Според соопштението, преговорите ќе се водат во Палатата Долмабахче.

846

Преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул ќе започнат утре во 9:30 часот, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател.

Според соопштението, преговорите ќе се водат во Палатата Долмабахче.






– Средбата ќе се одржи зад затворени врати – се додава во соопштението.

Според ФТ, Русија повеќе нема да инсистира на „денацификација“ на Украина и ќе даде зелено светло за нејзино пристапување во Европската унија – под услов да се откаже од членството во НАТО.

Новиот нацрт-договор не ја содржи често спомнуваната „денацификација“ и „демилитаризација“, ниту „заштита на рускиот јазик“, велат анонимни извори на ФТ.

– Турција е меѓу земјите кои би можеле да му понудат безбедносни гаранции на Киев како дел од каков било договор со Русија за ставање крај на војната во Украина. Турција е меѓу оние земји кои би можеле да станат гаранти на нашата безбедност во иднина – изјави денеска високиот украински функционер Игор Жовква.

Поврзани содржини