ГРАЃАНИТЕ МОРА ДА НАУЧАТ ДА ПРЕПОЗНААТ ПРИРОДЕН МЕД ОД ФАЛСИФИКАТ Денови на македонскиот мед во Скопје
„Јапонците годишно трошат 16 килограми по глава на жител, а ние само 900 грама. Разликата е огромна. Сѐ повеќе на нашиот пазар има мед измешан со сирупи за да се оствари профит. Со тоа се уништуваат природните својства на медот“, вели претседателот на „Матица“, Венче Билбиловски.
Медот во земјава сѐ уште најмногу се користи како лек, а не како храна. Потрошувачката е многу ниска, само 900 грама по глава на жител. Пазарот „врие“ од фалсификати кои содржат сирупи. На пчеларите им останува да ја вратат довербата кај потрошувачите, а тоа може да го сторат само преку правилна едукација и со институционална поддршка од Агенцијата за храна и ветеринарство, инспекторатите и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), беше речено на отворањето на годинешните пролетни „Денови на македонскиот мед“.
Манифестацијата ја организира Пчеларско здружение „Матица“ од Скопје, со поддршка на Општина Центар и ќе трае до 26 март.
На штандовите поставени долж улица „Македонија“, посетителите можат да купат мед, полен, прополис, матичен млеч, восок и други пчелни производи. Цената на тегла ливадски и шумски мед е 500 денари, а медот од костен чини 600 денари.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.