ДАЛИ СТЕ ПРОБАЛЕ БРАШНО ОД БАНАНИ? Најновата замена за обично брашно се прави од зелени плодови

Брашното од банана се прави од зелени, незрели банани, кои се лупат и се варат, а потоа се мелат во ситен прав. Претежно се состои од јаглехидрати, но содржи малку влакна и протеини.

179

Без разлика дали јадете храна без глутен или сте на кето диета, големи се шансите да наидете на интересни замени за брашно кои ветуваат повеќе хранливи материи од традиционалното обично брашно. Бадемите и кокосот се меѓу најпопуларните алтернативи, а тука се и оризот и овесот. Меѓутоа, најнов додаток е брашното од банана.

Брашното има благ сладок вкус и лесна текстура, така што со него можете да го замените обичното брашно во речиси сите рецепти. Бидејќи брашното е природно слатко, одлично е за печење.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини