КОГА ЌЕ НАСЛЕДИШ БУРЕ СО ИСТОРИЈА Дедо му му го оставил бурето со кое одел да продава вино во Солун
Нашиот соговорник работи како енолог во винарија, а голема страст му е производството на ракија. Ја продолжува семејната традиција и горд е на своето наследство – буре од 40 литри со кое неговиот дедо Пано одел да продава вино во Солун
Енологот Лазар Плетварски е веројатно единствениот кој на Винскиот салон во Битола немаше вино, туку ракија. Потоа разбравме дека освен добра ракија, за свои потреби и за гости прави и Пелинковац, а си експериментира и со некои овошни ракии кои кај нас ретко кој ги прави. На пример, ракија од дуњи и кајсии. Еден ден, вели, можеби ќе почне да ги прави и во поголеми количини, за продажба, но засега привилегијата да ги пробаат ја имаат само домашните и најблиските пријатели.
Се разбира, Лазар е кавадарчанец, а во неговото семејство производството на вино и ракија е традиција.
„Производството на вино и ракија е константа во мојата фамилија. За татко ми, дедо ми и прадедо ми сум сигурен дека се занимавале со винарство, за поназад незнам. Од прадедо ми Пано Плетварски ми е пренесена мала симболична оставнина, буре од 40 литри со кое одел во Солун да продава вино. Инаку, поголемиот дел од опремата ја наследив од татко ми Блажо, на кој сум му бескрајно благодарен за насоките и довербата“, ни раскажа Лазар.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.