МАКЕДОНСКИ КРИЗНИ ПОГОВОРКИ Апдејтирани умни мисли за новото време
Што би рекол Конески: јазикот е жива материја.
Брат брата не храни, лебот 35.
Договор, куќа, хипотека.
Лекот е пет пари, вчера беше три, утре можи да е осум.
Ни дизел точел, ни дизел мирисал.
Наведната глава, Секој 10-ти плата од државно.
Поубо врапче во рака отколку три мутира ни гулаби во пет раце.
Преку леб маржа бара.
Ради инфлацијата смеењето е сега само 25% здравје.
Кој на друг гроб копа, криза е мора нешто да работи и тој.
Ѕидовите имаат уши. Убо е шо немаат уста и нив да ги храневме.
Среќата со пари не се купува. Проверено и независни истражувачи дека ова е фејк њуз.
Кој со ѓаолот тикви сади со среќа нека му е да ги извезе негде.
Ѓаолот ни ора, ни копа. До таму e невработеноста.
Чиста сметка, изгледа пак беше на бензинска.
Јазикот коски нема. Ако има значи пукнал Чернобил.
Брат за брат, брашното на картица.
Ради поскапувањата место два пати сиромајот ќе мора да плаќа 3,5 пати.
Да му мувлоса на комшијата брашното.
Два пати мери, три пати мери, колку сакаш мери намалена е грамажата.
Поради инфлацијата, кој рано рани од сега по една среќа ќе граби.