БОМБА ОД ВИТАМИНИ, МИНЕРАЛИ И АНТИОКСИДАНТИ ЗА СЕЧИЕ МЕНИ Напиток од брусница и ѓумбир за подобра работа на штитната жлезда

Овој вкусен напиток содржи голем број состојки кои ја поттикнуваат работата на тироидната жлезда, а воедно е вистинска бомба од витамини, минерали и антиоксиданти добредојдена на сечие мени. Рецептот го споделила сертифицираната терапевтка за холистичка исхрана Сиеда Киран Захра Хусеин.

428

Хипотироидизам се јавува кога тироидната жлезда не произведува доволно хормони. Оваа болест ги зафаќа двата пола, но најчесто жените постари од педесет години. Тироидната жлезда го регулира метаболизмот, а ниското ниво на хормони го забавува телото и во исто време многу процеси, од метаболизмот до телесната температура. Кога не се лекува, може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Ако имате бавна тироидна жлезда, пијте го овој напиток секој ден. Исто така, јадете храна богата со Б комплекс и железо и морски плодови како на пример нори алги. Зголемете го внесот на храна богата со витамин А како што се слатки компири, моркови или тиква.






Општо правило е да се јаде здрава и органска храна богата со антиоксиданти. Избегнувајте храна која може да ја попречи работата на тироидната жлезда: брокула, зелка, карфиол, кељ, спанаќ, цвекло, соја, кикирики, горчица.

Рецептот за овој напиток побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини