УКРАИНЦИТЕ САМИ ГО УНИШТУВААТ БИО-ОРУЖЈЕТО? Викторија Нуланд потврди дека лаборатории постојат
Кирилов тврди дека единствената причина зошто Киев наводно решил да ги уништи материјалите е загриженоста дека руските експерти „со голема веројатност ќе докажат дека Украина и САД ја прекршиле Конвенцијата за биолошко оружје, откако ќе ги проучат примероците“.
САД имаат 26 биолаборатории за потенцијално производство на биолшко оружје во Украина, а вкупно 335 низ светот, тврдеа вчера официјални лица во Кина, а на нивните обвинувања реагираше Викторија Нуланд, американскиот државен потсекретар. Според Викторија, Украинците имаат вакви капацитети и треба да ги спречат Русите да пристапат до „материјалите“, пишува РТ. Во меѓувреме се шпекулира дека Украинците во страв од инцидент и самите уништуваат разни примероци.
Украинците самите уништувале вирусни агенси?
– Украина има капацитети за биолошко истражување, за кои, всушност, сега сме прилично загрижени… Руските трупи и руските сили можеби се обидуваат да добијат контрола – рече Нуланд во вторникот додека сведочеше пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот.
– Ние работиме со Украинците на тоа како тие да спречат некој од истражувачките материјали да падне во рацете на руските сили доколку Русите пристапат – додаде таа.
Руската војска претходно тврдеше дека украинските власти набрзина уништувале опасни материјали, вклучително и високопатогени бактериски и вирусни агенси што тие наводно ги чувале во лаборатории поврзани со Пентагон.
US Embassy Removes All Evidence Of Ukraine Bioweapons Labs. Here Is All The Datahttps://t.co/JIFYo9EA7Y
— Christian Nader (@ExoSapiens) March 9, 2022
Лабораториите работеле со антракс?
Во понеделникот, генерал-полковник Игор Кирилов рече дека документите што ги видела руската војска сугерираат дека некои од овие лаборатории, меѓудругото, работеле со антракс. Кирилов, исто така, тврдеше дека единствената причина зошто Киев наводно решил да ги уништи материјалите е загриженоста дека руските експерти „со голема веројатност ќе докажат дека Украина и САД ја прекршиле Конвенцијата за биолошко оружје, откако ќе ги проучат примероците“.
САД побрза да ја обвини Русија за биолошки „инцидент“
Додека Москва изрази загриженост за наводниот развој на биооружје во Украина, Нуланд се чини дека превентивно ја обвини Русија за секое потенцијално ослободување на опасни материјали во услови на тековниот воен конфликт. Таа се согласи со сенаторот Марко Рубио дека доколку се случи хемиски или биолошки „инцидент“ или „напад“ во Украина, тогаш Русија ќе биде виновникот.
– Нема сомнеж во мојот ум, сенаторе и класична руска техника е да се обвинува другиот за тоа што тие самите планираат да го направат – рече таа.
Киев, од своја страна, негираше дека дизајнирал биооружје. Пентагон рече дека шпекулациите за неговата вклученост во овие програми во поранешните советски држави се „руска дезинформација“.