МИЦКОСКИ НАЈАВИ МЕГА ПРОЕКТИ ЗА СКОПЈЕ Преговори за голема набавка на електрични автобуси и за фабрика за нивно производство ВИДЕО
Изминатиот период сериозно работевме на контакти, разговори и преговори со неколку светски компании кои што произведуваат електрични автобуси, за кои што Градот Скопје, а нормално тоа е и дел од изборната програма и ветувања на независниот кандидат, градоначалничката Данела Арсовска, а тоа е да може Скопје да биде лидер по оваа технологија и во градскиот превоз на Балканот, а зошто да не и во Југоисточна Европа а тоа се набавка на нови минимум 100 парчиња на електрични автобуси, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
– И за таа цел изминатиот период остваривме комуникација со многу производители. Во завршна фаза сме и во подготовка на тендерската процедура за набавка на овие автобуси, но исто така со сите овие потенцијални снабдувачи разговараме и за отворање на фабрика тука во Скопје во Македонија за производство на овие електрични автобуси во кое што ќе се вработат минимум 500-ни луѓе на силно и добро платени работни места, кои што тука ќе обезбедат егзистенција а Македонија ќе ја ставиме на мапата на производители на електрични автобуси во Европа – рече Мицкоски, истакнувајќи дека верува дека се многу блиску и да го официјализираат тоа.
Тој рече дека во првите 100 дена нема ниту една афера за градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и дека се започнати над 1000 проекти.
– Денес и Тимчо од Аеродром, и Александар од Ѓорче, и Дарко од Бутел, Орце од Кисела Вода, и Боби од Гази Баба, и Александар од Илинден, Коста од Зелениково, а за Стевче од Сопиште и Борче Митевски од Петровец е потврдено и проверено дека тоа е така – и сето тоа може да се согледа и по улиците, маалата, парковите, со народот, работат за народот. Општините се со отворени врати за решавање на сите проблеми, за наоѓање на решенија, за поддршка и промена на тешката реалност – истакна Мицкоски во отчетот за локалната власт.