ДАЛИ ЗНАЕТЕ КОГА ЗАВРШИ ВОЈНАТА? Германија се предаде двапати

Нацистичка Германија првиот договор за капитулација го потпиша во Франција, но Сталин не беше задоволен па затоа Германија капитулира уште еднаш.

742

На 7 мај во 1945 година, Германија безусловно им се предаде на сојузниците, во Ремс, Франција, со што заврши Втората светска војна и Третиот Рајх. Или тоа се случи на 9 мај, во Берлин?

И едното и другото е вистина.






Како што распадот на нацистичка Германија стана поизвесен во 1944 и во 1945 година, Советскиот Сојуз, Соединетите Американски Држави, Франција и Велика Британија ги разгледуваа идеите за условите за германско предавање.

Сепак, не беше сосема јасно како ќе се изврши воената или политичката капитулација на Германија, откако Хитлер се самоуби на 30 април.

Наследникот на канцеларската позиција во Германија адмиралот Карл Дениц, го назначи генералот Алфред Јодл да започне преговори со сојузничкиот генерал Двајт Ајзенхауер, за предавање на сите германски војници.

На 7 мај, Јодл го потпиша „Документот за безусловно воено предавање“ во Ремс, кој стапи на сила еден ден подоцна, на 8 мај, во 11:01 часот по средноевропско време.

Веста го налути советскиот водач Сталин, кој побара, поради големиот број на воени и цивилни жртви направени од Советскиот Сојуз, германското предавање треба да се случи во присуство на високи советски офицери, а не во присуство на еден сведок во Ремс. Тој исто така побарал чинот на предавање да се изврши во Берлин, како главен град на Третиот рајх, а капитулацијата да ја потпише командантот, а не заменикот на Дениц, Јодл. Фелдмаршалот Вилхелм Кајтел бил офицер, кој како врховен командант, требало да поднесе документ за предавање. Сојузниците се согласиле со барањата на Сталин и го пренеле чинот на предавањето во Берлин.

Фелдмаршалот Кајтел пристигнал во Карлхорст, предградие на Берлин, на 8 мај за да стави потпис на документот за безусловна капитулација пред советскиот маршал Георги Жуков и малата делегација на сојузниците, но тој побарал одложување од најмалку 12 часа, за да се увери дека германските трупи биле известени за прекинот на воените дејствија.

Поради ова доцнење, документот за предавање не станал валиден – до 9 мај.

Веста за предавањето во Ремс подоцна беше објавена во советските медиуми; според некои толкувања, барањата на Сталин биле пропаганден потег за да се истакне советската заслуга за завршување на војната. Денот на победата се слави на 9 мај, иако Втората светска војна заврши со капитулацијата на Јапонија.

Поврзани содржини