КОЛКУ ДЕЦА СЕ РОДИЈА НА ДЕНОТ СО МНОГУ ДВОЈКИ? 10 бебиња ваму, 6 таму, навистина посебен ден
Таканаречениот „Twosday“ или денот со многу двојки е посебен ден за секого, а за неколку двојки низ светот, палиндромот 2/2/22 стана незаборавен – денот кога дојдоа на свет нивните деца.
Десет бебиња се родени за помалку од шест часа на 22.22.22 во медицинскиот центар Хилел Јафе во Хадера, објавила болницата, истакнувајќи дека ниту една од мајките намерно не го избрала датумот.
Лиз и Шачар од Хадера, чија првородена ќерка се родила преку ноќ, рекле: „Крајниот датум требаше да биде за уште три недели. Но, очигледно ѝ беше важно да се роди на убав датум – 22.02.2022 година. 2:00 часот по полноќ за само шест минути“.
Останатите девет жени кои се породиле меѓу полноќ и 06:00 часот во вторник наутро, исто така, се породиле природно, а сите бебиња се родени помеѓу една и три недели порано.
Џуда Грејс Спир е родена во 02:22 часот во Регионалниот медицински центар Аламанс во Северна Каролина од родителите Аберли и Хенк Спир, според Cone Health.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.