ШЕСТ СИГУРНИ ЗНАЦИ ДЕКА СТРЕСОТ ВЕ СТИГА Некои не ги забележуваат

Живееме во стресно време и стресот го зема својот данок. Има сигнали кои ни ги дава телото, а ние не сме свеси дека се предизвикани од стресот.

553

Не е лесно да застанете и одеднаш да разберете што ве мачи, a можеби немате време да се занимавате со себе или дури мислите дека се е во ред, сепак телото никогаш не лаже. Важно е само да знаете како да го слушате и како да ги „читате“ пораките што ви ги испраќа. Некои од знаците на стрес за кои зборуваме подолу се непријатни, но телото ги користи како „последен повик“ за да реагира и да побара помош.

Стегање на забите






Една од најголемите причини за крцкање со забите (несвесно во текот на денот или за време на спиењето) е стресот! Еден од сигурните знаци дека го правите ова е болната вилица наутро. Може да забележите и дека вашите заби изгледаат пократки. Добра идеја е да користите специјални фолии за заштита на забите, а за ова задолжително консултирајте се со вашиот лекар и стоматолог.

Потење

Потењето е резултат на зголемена физичка активност, топлина или кога мозокот препознава дека сте во опасност. Меѓутоа, ако постојано се потите, тоа е сигурен знак за анксиозност..

Нашето тело мора да се ослободи од вишокот вода или со потење или со мокрење, но ако тоа се случи во стресна ситуација – а тоалетот не е опција – резултатот ќе биде прекумерно потење.

Губење на косата

Доколку забележите се повеќе влакна во бањата или на четката/чешелот, тоа е сигурен знак за скриен стрес. Дури и ако ништо толку страшно не ви се случува во последно време, знајте дека опаѓањето на косата доаѓа малку подоцна. Ова може да се случи до шест до 12 недели по стресен настан.

Црвени дамки

Иако не ве мачат алергии, а сепак забележувате црвени дамки по целото тело, можеби тоа е реакција на телото на емотивниот тобоган низ кој поминувате. Дури и црвените дамки може да се појават во устата како одговор на стресот. Можеби стресот што не го забележувате телото испратило „сигнал“ да се одбрани, па телото ви „кажува“ дека е под стрес.

Треперење на очите

Стресот може да испрати необични сигнали до мозокот, а потоа и до мускулите на лицето. Еден од нив е треперење на окото, движење на долниот или горниот очен капак. Овој симптом на стрес може да трае со недели или месеци.

Сува уста

Ако чувствувате постојана жед и не сте консумирале солена храна, размислете за вашето емоционално здравје. Долготрајната изложеност на стрес ги блокира жлездите одговорни за производство на плунка, а причината е сува уста. Поради сето ова може да се соочите и со проблем со голтањето, а причината е дехидрација.

Поврзани содржини