ДАЛИ СЕ ПОДГОВТУВА ИНВАЗИЈА? Се празни и руската амбасада во Киев

Според изјави на украински граѓани, руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата.

748

Вработените во руската дипломатска мисија почнаа да ја напуштаат Украина, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на неименуван, добро информиран, извор од Киев.

Според изјави на украински граѓани, руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата.






Според соговорникот, во екот на официјално објавената евакуација од некои западни земји, ваквата постапка укажува на тоа дека и Москва одлучила да тргне по истиот пат.

Информацијата ја потврди и портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Со оглед на значителното влијание што Вашингтон и Лондон го имаат врз Киев… заклучуваме дека нашите американски и британски колеги очигледно се свесни дека во Украина се подготвуваат одредени дејствија што би можеле значително да ја комплицираат безбедносната ситуација – рече Захарова.

Неколку западни земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина откако односите меѓу Русија и Западот достигнаа највисоко ниво на тензија од Студената војна, поради ситуацијата околу Украина. Западот тврди дека Русија подготвува инвазија на Украина, додека Москва ги отфрла ваквите обвинувања и официјално побара гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток.

Поврзани содржини