РАШКОВСКИ И ВЕЉАНОСКИ ЌЕ СЕ БРАНАТ ОД СЛОБОДА Апелација им ги прифати понудените гаранции
Во одлуката на Апелацискиот суд се наведува дека Рашковски и Вељаноски по укинување на мерката притвор имаат обврска да се јавуваат во судот секој работен прв понеделник во месецот, а одземени им се и патните исправи и тие не смеат да ја напутат државата.
Апелацискиот суд вчера ги укина мерките куќен притвор за поранешниот генерален секретар на владата, Драги Рашковски, како и за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.
Во одлуката на скопска апелација се вели и дека се прифаќа понудената гаранција од страна на обвинетиот Рашковски, во вкупен износ од 192.980,00 евра, што се состои од ставање хипотека на недвижен имот, како и прифаќање на гаранцијата на Вељаноски во износ од 209.790 евра, што се состои од куќата во којашто живее.