Поп-ѕвездата Ријана и нејзиното момче, 33-годишниот АСАП Роки го очекуваат првото дете, а тоа го потврдиле и најновите фотографии.
Ријана, која исто така има 33 години, викендов се фотографирала на снежните улици во Њујорк со откриен стомак и со тие фотографии потврди дека го чека првото дете.
Ријана во широка оверсајз облека дополнително го нагласила трудничкиот стомак, а сцената од голото стомаче низ снежните улици на Њујорк дополнително ги изненади следбениците.
Се дознава дека вљубената двојка неодамна го посетила модерниот њујоршки ресторан „Карбон“, каде морале да седнат на друга маса за да и биде удобно на трудницата.