КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДИРЕКТОР НА УЧИЛИШТЕ Со негово одобрување предавала наставничка без диплома

Како што соопшти МВР, пријавениот во текот на 2018 година не го прекинал работниот однос на вработената С.Џ.Е., согласно закон, колективниот договор и претходно донесено решение од ОЈО Куманово за одземање диплома, констатирано со записник од страна на Државен просветен инспекторат и допуштил таа да извршува воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома.

523

СВР Куманово поднесе кривична пријава против шеесет и тригодишниот С.Ш. од Романовце, кој бил  директор во основното училиште „Кирил и Методиј“ во тоа кумановско село, поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што соопшти МВР, пријавениот во текот на 2018 година не го прекинал работниот однос на вработената С.Џ.Е., согласно закон, колективниот договор и претходно донесено решение од ОЈО Куманово за одземање диплома, констатирано со записник од страна на Државен просветен инспекторат и допуштил таа да извршува воспитно-образовна дејност во училиштето без потребната диплома.






– На ваков начин предизвикана е штета на Буџетот на Република Северна Македонија од 695.621 денари, кои биле исплатени на вработената по основ на плати и придонеси за социјално и здравствено осигурување, информира Министерството за внатрешни работи.

Поврзани содржини