ДВА МЕСЕЦА ПО СМРТТА НА ПЕТГОДИШНИОТ СИН Поранешниот на Мараја Кери чека осмо дете

Ник Кенон осмото дете го чека со новата девојка Бри Тиези (30). Двојката неодамна беше домаќин и на забавата позната како „Дарување на детето“ во Малибу.

956

Водителот, комичар, актер и рапер Ник Кенон (41) повторно чека дете, и тоа осмо по ред. Имено, синот на Ник, Зен, почина од тумор на мозокот во декември 2021 година. Имаше пет месеци, а ожалостениот татко ја сподели тажната вест во ток-шоуто „Вторник наутро“.

Осмото дете Ник го чека со новата девојка Бри Тиези (30). Двојката неодамна беше домаќин и на забавата позната како „Дарување на детето“ (Baby Shower) во Малибу. Среќните родители наводно за време на забавата им откриле на гостите дека ќе добијат момче, пишува „Мирор“.






На фотографиите кои ги објави американскиот портал ТМЗ, може да се види како парот позира во бели комбинации на забавата додека Ник цело време ја држи раката на стомакот на својата девојка.

Да потсетиме, покојниот син Зен, седмото дете, Ник го доби со Алиса Скот. Со лекарскиот преглед било утврдено дека во мозокот му се насобрала течност и се покажало дека станува збор за малигнен тумор. Бебето беше оперирано операција за да се санира, но здравјето на детето се влоши околу празникот „Денот на благодарноста“.

– Туморот почна да расте многу побрзо. И така знаевме дека е време… – изјави Ник по смртта на неговиот син во декември.

Инаку, Ник и поранешната сопруга, поп-дивата Мараја Кери (52) ги имаат близнаците Монро и Марокан (10). Покрај нив и починатиот Зен, тој е татко на уште четири деца.

 

ФОТО: Инстаграм

 

 

Поврзани содржини