СИЛНА СНЕЖНА БУРА ГИ ПАРАЛИЗИРАШЕ САД Ветрот уби возач во Њујорк

Жителите се повикани да не излегуваат непотребно, да ги полнат резервоарите на автомобилите со гориво и да обезбедат залихи од вода и ќебиња.

733

Околу 70 милиони Американци беа погодени од „историска“ снежна бура во североисточниот дел на САД денеска каде силниот ветер го запре сообраќајот и уби возач на автомобил во северниот дел на Њујорк.

Во Њујорк има дваесетина сантиметри снег, а низ улиците дува невообичаено силен ветер.






Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, ги повика сограѓаните да останат дома.

Во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси е прогласена вонредна состојба, а гувернерката на Њујорк Кети Хочул ги повика жителите да не излегуваат непотребно, да ги полнат резервоарите на автомобилите со гориво и да обезбедат залихи од вода и ќебиња.

На северот на метрополата Њујорк, на Лонг Ајленд, веќе има 25 сантиметри снег. Регионалните железнички линии беа делумно отсечени, а една жена беше пронајдена мртва во нејзиниот автомобил, објавија локалните медиуми.

Националната метеоролошка служба најави удари на ветер од 80 до 120 км/ч и предупреди на „речиси невозможни сообраќајни услови“ во североисточниот дел на САД.

Тие, исто така, предвидуваат поларни температури од денеска навечер до недела.

Околу 3.500 летови за пристигнување и полетување беа откажани денеска и 700 за недела.

Тоа е втора снежна бура годинава на североисточниот дел на САД, по онаа на почетокот на јануари кога беше зафатена областа од Џорџија до Квебек.

Поврзани содржини