ВЛАДАТА ДОБИ НА ПОДАРОК 2 ГУМИ Младите од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека тие им се за спас од корупцијата (ВИДЕО)

Јасно е дека СДСМ бара спас за своите поразителни и грешни политики, и континуирано ги напаѓаат Градот Скопје и градоначалничката Арсовска, рече Стефановски.

2,233

Оваа неспособна Влада под раководство на СДСМ, при буџет од 4 милијарди евра годишно, наместо да им помогне на граѓаните, објавува тендери за бадеми и за лешници, што е доволен показател за тоа дека луѓето кои ја предводат Владата не знаат за што се поставени таму и не знаат домаќински да раководат со парите на граѓаните, изјави денеска Стефан Стефановски, член на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

– На граѓаните им е јасно дека државата ја водат неспособни луѓе без кредибилитет, кои од ден во ден сѐ повеќе придонесуваат за тонење на државата, не знаат да се справат со економската, енергетската и здравствената криза. Јасно е дека СДСМ бара спас за своите поразителни и грешни политики, и континуирано ги напаѓаат Градот Скопје и градоначалничката Арсовска. Не можат да се помират дека нема повеќе расипнички да се трошат пари на граѓаните за бифтеци и за виски, при што директно се виновни за милионските долгови во градот и за сите лоши политики. Затоа граѓаните веќе ги казнија на изминатите локални избори, а бидејќи континуирано не работат во интерес на граѓаните, тоа ќе се случи и на наредните парламентарни избори – рече Стафановски.






Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска симболично му подари на СДСМ две гуми за спасување на партијата и на Владата, бидејќи, како што рекоа младите, тонат во корупција и злоупотреби.

Поврзани содржини