ОДЛИЧНО МИ ПРИЛЕГА, САКАМ ДА ГО КУПАМ На жена ѝ биле понудени 500.000 долари за бебето
Жената зборувала дека ако не се доволни 250.000, ќе плати половина милион долари затоа што го сака тоа дете и ќе го земе – тврди изворот.
Полицијата во Тексас уапси жена осомничена дека нудела голема сума пари на мајка во продавница за да и го продаде нејзиното дете.
Ребека Ланет Тејлор (49) беше уапсена во вторникот и обвинета за обид за купување малолетник. Се сомнева дека Тејлор и се доближила на жената која отишла во шопинг со своите деца и ѝ понудила да купи едно дете од неа.
Мајката била во продавницата со бебето и нејзиниот едногодишен син, кога на 13 јануари на излез од продавницата и пришла жената и ѝ понудила пари.
Наводно, осомничената коментирала дека малото момче е убаво, и дека има убава руса коса и очи и прашал колку ќе чини да го купи.
Мајката најпрво се насмеала мислејќи дека жената се шегува, но Тејлор и рекла дека има 250.000 долари во автомобилот и дека е подготвена да и ги предаде парите, на што шокираната мајка одговорила дека нема сума за која ќе го продаде детето, а потоа ја предупредила Тејлор да не им приоѓа.
– Тогаш жената рекла дека детето одлично и прилега и дека одамна сака да купи бебе – рекол извор запознаен со случајот.
Мајката на децата тврди дека Тејлор била придружувана од друга жена, која прашала како се вика детето. Мајката одбила да одговори, но, според изворот, двете жени веќе го знаеле името на бебето и почнале да го викаат.
Вознемирената мајка ги чекала двете жени да излезат од продавницата за да се упати кон нејзиниот автомобил. Меѓутоа, на паркингот ја чекала Тејлор и таа почнала да и вика на загрижената мајка.
– Жената зборувала дека ако не се доволни 250.000, ќе плати половина милион долари затоа што го сака тоа дете и ќе го земе – тврди изворот.
Потоа со нејзиното возило го блокирала возилото на мајката и продолжила да и кажува дека ќе ѝ даде половина милион за детето. По долга расправија влегла во возило и тргнала во непознат правец.
Полицијата соопшти дека сведочењето на мајката се совпаднало со снимката од надзорните камери од продавницата.
Инспектор потоа отишол на имотот на Тејлор за да разговара со неа за целиот случај, но осомничената му ја треснала вратата пред носот и рекла дека може да се обрати кај нејзиниот адвокат.
Веднаш по апсењето била одредена кауција и Тејлор го напуштила притворот. Засега не е познато дали таа ангажирала адвокат. Доколку биде судена, ѝ се заканува затворска казна од две до 10 години и голема парична казна.