РАНКОВЦЕ-КРИВА ПАЛАНКА ЌЕ ДОБИЕ ПОМОШНА ЛЕНТА Коридорот 8 се враќа меѓу врвните приоритети

Идниот експресен пат Ранковце-Крива Паланка ќе има по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец.

746

Премиерот Димитар Ковачевски денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и Ејуп Рустеми, директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) извршија увид на изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, со вкупна должина од 24,5 километри и вкупна вредност од 62,5 милиони евра, откако со бугарскиот колега Кирил Петков, при неодамнешните средби во Скопје и Софија се обврзаа да ги интензивираат работите за поскора реализација.

– Со колегата Петков многу време посветивме во разговор за важноста на Коридорот 8 и особено на патната инфраструктура, која во голема мера зависи од институциите и изведувачите. Се договоривме заедничката работна група во чија надлежност е патната инфраструктура, високо на својата агенда да го врати Коридорот 8 меѓу врвните приоритети на Европската Унија. На тој начин очекуваме поголема поддршка за целосна реализација и на патната и на железничката инфраструктура – рече Ковачевски.






Тој се надева дека изградбата на овој експресен пат ќе добие силен интензитет, додавајќи дека и премиерот Петков се обврзал добро да провери што се случува со изградбата на патот од бугарската страна кај преминот Клепало кај Берово.

– Идниот експресен пат Ранковце-Крива Паланка ќе има по една лента за возење и по една помошна лента за застанување во секој правец, со што значително ќе се скрати времето на патување меѓу Куманово и Крива Паланка – рече директорот Рустеми, информирајќи дека во тек се градежни активности во зимски услови на втората делница.

Во овој дел од државата се почнати значајни проекти меѓу кои рехабилитација на магистралниот пат Куманово-Страцин, со вкупна должина од 32 километри, и вкупна вредност од 11,9 милиони евра и втора делница, која е веќе во завршна фаза и се очекува во скоро време да заврши.

Во изработка е програма за проектирање на нов експресен пат Романовце-Страцин кој што е планиран да се финансира од ИПА 3 инструментот и со сите овие рехабилитации, санации и изградби во регионот целта е да се добие комплетен Коридор 8, кој како главна артерија ќе биде безбеден и сигурен за учесниците во сообраќајот.

Поврзани содржини