МАНЧИНИ ГО ВАДИ „СУПЕР МАРИО“ ОД НАФТАЛИН Балотели ќе игра во нападот против Македонија
Селекторот ја изненади италијанската фудбалска јавност со тоа што во репрезентацијата го враќа проблематичниот Марио Балотели, кој веќе три години не го носи синиот дрес.
Италијанскиот фудбалски селектор Роберто Манчини денеска го објави поширокиот список на фудбалери кои ќе играат во бараж-натпреварот против Македонија за Светското првенство во 2022 година.
Селекторот ја изненади италијанската фудбалска јавност со тоа што во репрезентацијата го враќа проблематичниот Марио Балотели, кој веќе три години не го носи синиот дрес.
И покрај лудориите поради кои си ја уништи блескавата кариера, Балотели очигледно сè уште му е миленик на Манчини, кој, пак, му беше тренер и во Интер и во Манчестер сити.
Првиот собир на Италија е закажан на 26 јануари. Натпреварот меѓу Македонија и Италија се игра во месец март во Палермо.