ПОЖАРНИКАРИ ПОВИКАНИ ОД ИЗОЛАЦИЈА Голема борба со пожарот во Битола
Од МВР потврдија дека не се пристигнати информации за жртви или повредени лица во пожарот. За причините и последиците од пожарот ќе биде поведена истрага.
Пожарот во фабриката за леб „Жито Битола“ и натаму е активен, а на терен се излезени 9 противпожарни возила со 25 пожарникари. Од Територијалната противпожарна единица во Битола велат дека за интервенирање се повикани сите пожарникари, како и тие кои се во изолација поради ковид-19.
– Пожарот беше пријавен во 17.25 часот и веднаш интервениравме. Нашите пожарникари се на терен и се гасне пожар кој според првичните информации е во непосредна близина на силосите и е во насока кон индустрискиот дел, односно поранешно „Фринко – изјавија од Територијалната против пожарна единица во Битола.
Од МВР потврдија дека не се пристигнати информации за жртви или повредени лица во пожарот. За причините и последиците од пожарот ќе биде поведена истрага.