НОВ ПРИСТАП КОН АЛЕРГИИТЕ Би можеле да се додадат кикиритки во исхраната на малите деца?

Вклучувањето на кикиритките во исхраната на малите деца би можело да помогне да се спречат алергии на мешунките, кои можат да бидат смртоносни и ги погодуваат младите ширум светот, покажало ново истражување.

269

Истражувачите откриле дека воведувањето производи од кикиритки во исхраната на бебињата и доенчињата и постепеното зголемување на изложеноста довело до поголема толеранција кон овој вообичаен алерген.

Рецензирана студија, објавена во списанието Lancet, опфатила 146 деца алергични на кикиритки на возраст од нула до три години во текот на две и пол години. 96 од нив добивале протеински прав од кикиритки секој ден, а дозата постепено се зголемувала до доза што одговара на консумирање на шест кикиритки. Други деца добиле плацебо од овесно брашно.






Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини