МИЦКОСКИ СО КОВАЧЕВСКИ БИ РАЗГОВАРАЛ ЗА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Лидерот на опозицијата ја прифати поканата за средба упатена од мандатарот

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска ни кажаа дека за поканата за евентуалната средба на Ковачевски и Мицкоски дознале од медиумите и дека сè уште не е пристигната официјална покана. Од партијата порачуваат дека Мицкоски ќе прифати разговор со мандатарот, но само на одредени теми.

1,491

Мандатарот Димитар Ковачевски, при неговото последно обраќање кон јавноста најави дека има намера да се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ковачевски истакна дека со лидерот на опозицијата би сакал да разговара за сите отворени прашања.






Од ВМРО-ДПМНЕ денеска ни кажаа дека за поканата за евентуалната средба на Ковачевски и Мицкоски дознале од медиумите и дека сè уште не е пристигната официјална покана. Од партијата порачуваат дека Мицкоски ќе прифати разговор со мандатарот, но само на одредени теми.

„За покана за средба на Ковачевски со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дознаваме од медиумите и сè уште нема официјална покана за средба. Доколку има таква покана, средбата би била прифатена под услов да се разговара за следниот дневен ред: предвремени парламентарни избори како единствено одржливо и кон граѓаните одговорно решение, содржината на одговорите на прашалникот 5 плус 1 кон Бугарија и позициите на Македонија и точка разно во која би спаѓало и разговор на темата сузбивање на криминалот и корупцијата“, појаснија за Плусинфо од ВМРО-ДПМНЕ.

Новата влада предложена од Ковачевски, се очекува да биде изгласана во Собранието во сабота.

Поврзани содржини