АМЕРИКА САКА ЕТНИЧКИ ДА НЀ ИСЧИСТИ 900 нуклеарки се фрлени на племето Шошони

САД не сакаат да ги проучуваат негативните последици врз нашето здравје. Тоа веројатно би било како нацистичка Германија да ги проучува здравствените последици од нејзиното тестирање врз Евреите, вели Забарте.

1,578

Соединетите Американски Држави тестирале 928 атомски бомби, од кои 100 во небо и над 800 под земја во пустината Мохаве загрозувајќи го животот на племето Шошони кое е „најбомбардираната нација на планетата“. Дека Шошоните се етнички чистени зборува фактот дека тие се соочуваат со радијација од нуклеарен отпад и до 60 пати поголем од оној што останал во Хирошима по фрлањето на атомската бомба во 1945 година.

– Тие ни ја окупираат земјата, ни ги крадат можностите и поради тоа се очекува да умреме. Сè уште се обидуваме да се бориме и да разбереме што ни се случи и да најдеме начини да го поправиме и да спречиме да се случи во иднина – вели 57-годишниот Иан Забарте кој ја предводи кампањата против исчезнувањето на неговото племе.






Според Забарте, домородците биле подложени на најнезамисливите ужаси од Владата во Вашингтон. Тој живее во Западен Шошон, токму на полињата за тестирање во Невада. Таму сè започнало во 1951 година, само 6 години од завршувањето на војната. Всушност, земјата Шош е голема – таа се протега од Долината на смртта во Мохаве, па сè до паркот Јелоустоун во Вајоминг. Денес рекордни 620 килотони нуклеарен отпад се наоѓаат таму, за разлика од 13-те килотони во Хирошима.

Американците ни ја украдоа земјата и економијата

Шошоните и немаат баш своја економија или одржлив начин на живот, а најблискиот град е оддалечен 80 милји. Порано биле сточари. САД нема сопственост над нивното земјиште, но сепак луѓето купуваат куќи и земја во нивните предели.

– Немам на што да се вратам на мојот резерват. Ми ги украдоа коњите, ми ја украдоа егзистенцијата. Нема работа, нема можности. Соединетите Држави ни ја украдоа економијата, нашиот лов, нашиот риболов … и нè направија криминалци во нашата сопствена земја – вели Забарте.

Неговите потомци живееле во региониот Кавич во озлогласената Област 51, каде се верува дека Пентагон има подземни бази.

Не се откажуваме од нашата земја

Забарте е пријателски настроен, но чувството на бес редовно се чувствува во неговиот глас кога зборува за своите луѓе. Шошоните нејќеле да ја дадат својата земја, па во 1863 морале да го потпишат Договорот за долината на Руби, со кој одредени права им биле предадени на Соединетите Држави. Но, тие не се откажаа од својата земја.

– Да знаевме, немаше да потпишеме договор што ќе заврши со наше крајно уништување – вели Забарте за РусијаДенес.

Забарте секојдневно ризикува да добие рак или низа други болести како неговите соплеменици. Сепак, тој одлучил да ги лекува во Центарот за лекување во Долината на смртта каде што работи, а живее во Лос Анџелес.

Кожата на дедото на Забарте му паднала поради автоимун недостаток, а тој набргу починал од срцев удар. На други членови на семејството им биле вградени пејсмејкери на многу млади години, додека близнаците на неговиот братучед починале на 11-годишна возраст. Рак на тироидната жлезда е честа појава кај нив.

 

Не можеме ни да се лекуваме во САД

– САД не сакаат да ги проучуваат негативните последици врз нашето здравје. Тоа веројатно би било како нацистичка Германија да ги проучува здравствените последици од нејзиното тестирање врз Евреите – вели Забарте.

Значи, смртните случаи од сомнителни состојби генерално не се евидентираат. Покрај тоа, Шошоните се, по традиција, горди луѓе, па затоа не сите зборуваат за своите здравствени проблеми. Во 1962 година, државата решила нуклеарните тестови да ги прави под земја и така што им го реши проблемот, но ни тоа не било безбедно, бидејќи радијацијата излегува низ порите на земјата.

Шошоните, на хартија имаат помош од Обединетите Нации, а за нив се направени и бројни студии од американското Министерство за енергетика во кои се вели дека им се случува „културна тријажа“ и принуда. Нивната сага и борба продолжува.

До ден-денес над земјата на Шошоните надлетуваат авионите ЈАНЕТ кои од Лас Вегас одат во озлогласената област 51. Да, онаа за која се зборува дека се прават тајни експерименти за пресретнување со вонземјани, проекти за летечки чинии и друга напредна технологија.

 

„Голем даб“ е американскиот Чернобил

Малку е познато дека Американците имале свој Чернобил неколку недели пред да се случи катастрофата во рускиот град во април 1986 година. Инцидентот наречен „Голем даб“ бил операција за уништување на нуклеарна опрема под земја.

– Одделот за енергетика не го смета тоа за несреќа бидејќи тие рачно го испуштиле гасот во подземната комора каде што се активирало оружјето. Радијацијата го обиколила светот и мешајќи се со онаа од Чернобил дошла назад во Соединетите држави – тврди Забарте.

Властите имале добар изговор да кажат дека тоа била радијацијата од Чернобил и сè да се заборави.

Каде тестирале Франција, Британија и Русија?

Се разбира, САД не се единствената земја што извршила нуклеарни тестирања. Велика Британија исто така користела земјиште на Шошоните за заедно да направи 24 тестови со САД. Франција извршила 210 нуклеарни тестови во Алжир и во Јужниот Пацифик од 1960 до 1996 година, а Советскиот Сојуз ја користеше локацијата Семипалатинск во Казахстан до 1989 година за истите намени.

Поврзани содржини