ТУРЦИТЕ НАПРАВИЈА СВОЈ АВТОМОБИЛ „ТОГГ“ сериски ќе се произведува (ВИДЕО)

Компанијата има за цел да произведе електрични компактни теренци до крајот на 2022 година како дел од масовното производство на возила. По завршувањето на тестовите за хомологација, првиот SUV во сегментот C ќе биде лансиран на пазарот во првиот квартал од 2023 година.

296

Првата турска марка на автомобили во светот ќе се вика ТОГГ, a нивниот прв модел е електричен автомобил со работно име Transition Concept Smart Device. Малку е познато во медиумите за неговите перформанси иако автомобилот беше претставен на саем во Лас Вегас.

Погледнете како изгледа автомобилот, кој го дизајнираше Pinifarina:






За разлика од приказната на неуспешниот Деврим во 1961, кога само четири прототипи беа направени, а потоа три од нив беа уништени, ТОГГ планираат сериски да го произведуваат својот фамилијарен кросовер. ТОГГ е конзорциум од неколку компании кои се здружиле и добиле специјална помош од Владата на Турција.

Компанијата има за цел да произведе електрични компактни теренци до крајот на 2022 година како дел од масовното производство на возила. По завршувањето на тестовите за хомологација, првиот SUV во сегментот C ќе биде лансиран на пазарот во првиот квартал од 2023 година.

Поврзани содржини