ПАДНАА ПРВИТЕ ГРАНИЧНИ БАРИЕРИ НА „ОТВОРЕН БАЛКАН“ Трговијата со храна ќе се олесни и ќе се забрза

Размената на храна помеѓу Македонија, Србија и Албанија на годишно ниво тежи околку 420 милиони евра.

1,176

Меѓу Македонија, Албанија и Србија веќе нема гранични бариери во однос на безбедноста на храната, фитосанитарнатата и за ветеринарната заштита.

Прехранбените производи, кои од земјава се извезуваа во Албанија и во Србија и требаше да бидат два пати анализирани во специјализирани лаборатории, односно една проверка во Македонија и една во земјата каде беше предвидено да заврши стоката.






Сега, новите правила велат дека доволно е производот да помине само во една лабораторија, бидејќи трите земји имаат усогласени лабораториски анализи. Ова ќе го забрза протокот на стока на границите, а најважно е дека квалитетот ќе остане ист.

Овој договор беше потпишан во Тирана помеѓу трите земји.

Размената на храна помеѓу Македонија, Србија и Албанија на годишно ниво тежи околку 420 милиони евра.

 

Поврзани содржини