НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО – КИСЕЛАТА ЗЕЛКА Што ќе се случи со вашето тело ако консумирате барем 3 лажици дневно?

Киселата зелка е многу важна во лекувањето на болести предизвикани од нерамнотежа на цревната флора, особено по антибиотска терапија или хемотерапија.

806

Киселата зелка е природно кисела зелка која се добива со ферментација со помош на неколку видови бактерии, најчесто Leuconostoc, Lactobacillus, Streptococcus и Pediococcus. Има долг рок на траење и карактеристичен кисел вкус и силна арома кои потекнуваат од млечната киселина настаната со бактериска ферментација на шеќерот од зелката.

Нејзините лековити својства надминуваат многу познати растенија. На пример, 100 г сирова кисела зелка содржи дури 20 мг витамин Ц. Потоа следат витамин А, фолна киселина, магнезиум, железо, фосфор, калциум, калиум, натриум и протеини.






Таа е одличен извор на витамин Б12, поради што се препорачува за вегетаријанци и вегани. Црвената зелка е до седум пати полековита од белата, а нејзината боја укажува дека содржи и лековити антоцијани.

Повеќе за ова на порталот „АРТ КУЈНА“.

Поврзани содржини