ЦРН КОВИД ДЕН Починаа 18 лица, а 373 се водат како новозаболени
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006.
Според податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа битката со ковид-19 ја загубија 18 лица, регистрирани се 373 новозаболени, додека 320 пациенти се водат како оздравени.
Министерството за здравство информираше дека се направени 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на ковид-19 во Скопје – 196, Битола – 36, Охрид – 20, Кавадарци – 18, Прилеп – 17, Струмица и Гевгелија – по 11, Велес – 9, Крива Паланка – 7, Куманово и Штип – по 6, Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Радовиш – 2, Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 320 оздравени пациенти во Скопје – 175, Прилеп – 24, Битола – 19, Кавадарци – 18, Охрид – 13, Велес – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Куманово – 6, Ресен, Тетово и Радовиш – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Струмица и Кратово – по 3, Неготино и Кочани – по 2, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Свети Николе, Берово, Виница, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 8 починати лица од Скопје (54, 66, 68, 71, 79 ,87, 87 и 87), две починати лица од Битола (67 и 72) и по едно починато лице од Кичево (75) и Штип (74). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се шест починати лица со датум на смрт од 03.12. до 21.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Скопје (3), Битола (1), Куманово (1) и Струга (1). На возраст од 65 до 92 години. Три лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови.
Направени се 5.489 тестови преку: ИЈЗ-322, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-84, ЦЈЗ Прилеп-55, ЦЈЗ Тетово–2, ЦЈЗ Куманово-100, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–144, Жан Митрев (Филип Втори)-95, Авицена-242, Биотек-258, Систина-92, лабораторија Лаор-279, Синлаб-54, Ремедика-12, Плодност-66, Генеа-28, Никоб лаб-624, ВФВ Медикал-92, Ели Медика-131, Ројал Медика–64, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–72, Жан Митрев Струмица–19, Нова Лаб Дијагностика–3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.586.
Досега во земјата се направени вкупно 1.591.522 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006.