ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МОЗОКОТ НА ЖЕНАТА ПО ПОРОДУВАЊЕТО? Од возбуда и приврзаност до анксиозност и депресија
Многу родители ја опишуваат својата состојба по средбата со бебето како многу слична на онаа кога се вљубуваме. На ниво на мозочна активност се случуваат промени многу слични на оние во првите месеци од романтичната љубов меѓу партнерите.
Од возбуда и приврзаност до анксиозност и депресија, однесувањето на една млада мајка се заснова на биохемиските процеси во мозокот и телото.
Кога жената ќе стане мајка, тоа е како во вашиот дом да откриете уште една необична соба за чие постоење не сте знаеле ништо. Луѓето имаат тенденција да го опишуваат мајчинството со едноставната изјава: „Сè се менува“.
Во овој текст ќе го расветлиме механизмот на емоционалните промени откако жената ќе се породи. Некои се позитивни, возбудливи и пожелни. Други може да бидат крајно непријатни, па дури и опасни за мајката и детето.
Важно е да се знае дека за време на постпарталниот период жената не ги контролира своите емоции. Нејзините промени во расположението, солзите и кавгите не се последица на нејзиниот лош карактер, туку бури од хормони кои ја преплавуваат. Заморот и бројот на обврски само „долеваат масло на огнот“, но не се ниту одблизу толку важни за општата состојба на жената која неодамна се породила.
Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.