ДОДЕКА НИЕ СЕ ЗАДУШУВАМЕ 3.300 луѓе годишно умираат од загаден воздух во Босна
Сараево често се јавува на списоците како најзагаден град во светот. Според сараевски Кликс, граѓаните на БиХ, но и земјите од регионот, вдишуваат повеќе отровни честички од оние во другите земји, а тоа се должи на широката употреба на цврсти горива за греење и за готвење.
Околу 3.300 луѓе годишно во Босна и Херцеговина умираат предвреме поради тоа што биле изложени на воздух загаден со ПМ2.5 честички, односно околу 558 луѓе на 100.000 жители, покажало истражување од октомври 2019 година на Светската здравствена организација. Најголем дел од загадувањето и смртноста, околу 16 отсто, се токму во главниот град Сараево и во Бања Лука.
Сараево често се јавува на списоците како најзагаден град во светот. Според сараевски Кликс, граѓаните на БиХ, но и земјите од регионот, вдишуваат повеќе отровни честички од оние во другите земји, а тоа се должи на широката употреба на цврсти горива за греење и за готвење. На Балканот сè уште постојат голем број постројки кои работат на јаглен и на лигнит.
Порталот додава дека седум од десетте најзагадувачки термоелектрани во Европа се наоѓаат на Балканот.