КАКО БЕШЕ НАПРАВЕНО ВРВНО ОРГАНСКО ВИНО ОД ПОТЦЕНЕТАТА СМЕДЕРЕВКА? Младите учат од старите, ама и старите од младите

Семејната винарија „Пешков“ од Кавадарци е семејна во вистинската смисла на зборот. Во неа, засега, не се ангажирани луѓе надвор од семејството дури ни за берба на грозјето. Дедо Петре, баба Ристена, мама Гордана, тато Зоки и главните во нашава приказна – Петар јуниор и неговата сопруга Ана, сè прават сами и се надополнуваат меѓусебно

730

Нашите соговорници од винарија Пешков од Кавадарци ги запознавме во исто време со нивното вино – првото сертифицирано македонско органско бело вино „Фариш“, произведено со голема доза на љубов, од внимателно избрани гроздови и целосна посветеност од страна на семејството Пешкови.

Виното „Фариш“ е заштитен знак на оваа мала винарија и е првото органско бело вино на македонскиот пазар, што значи дека за грозјето од кое е направено се употребуваат само природни ѓубрива.






Повеќе за ова на порталот „АРТ КУЈНА“.

Поврзани содржини